Белград тврди дека укинувањето на косовските царини е „лажна вест“

Одлуката на косовската влада да ги укине 100-отстотните царини на стоката од Србиј и БиХ официјален Белград ги отфрли и побара целосно укинување на царините, тврдејќи дека одлуката е „лажна вест“, бидејќи нејзината примена е орочена до јуни.

Укинувањето на давачките, воведени во ноември 2018, со одлуката на Приштина постепено да се применуваат мерки на реципроцитет кон Србија до 15 јуни, ја следи и одлуката спроведувањето на таа мерка да се преиспитува барем еднаш месечно.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Марко Ѓуриќ смета дека косовскиот премиер во оставка Аљбин Курти не ги укинал царините, а јавноста ја повика да „не наседнува на лажни вести“.

„Премиерот на привремените институции на самоуправа во Приштина (Курти) најави, да бидеме сосема прецизни, само орочена суспензија на царините и тоа условно, а истовремено воведува нови мерки за нашите граѓани и економија, кои ги нарекува реципроцитет“, порача Ѓуриќ во соопштение.

Ѓурич тврди дека Приштина продолжува „да си игра“ со економската перспектива на општеството на Косово, оценувајќи дека станува збор за уште една „претстава“ наменета за дел од меѓународната заедница.

Одлуката на косовската влада меѓу првите во меѓународната заедница ја поздрави комесарот на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, нарекувајќи ја „важна“.

„Среќен сум што ја гледам одлуката на косовската техничка влада за целосно укинување на царините на стоката која доаѓа од Србија и БиХ. Тоа е важна одлука“, оцени Борел на Твитер.

Соединетите Американски Држави не го делат ставот на шефот на европската дипломатија и американскиот амбасадот во Приштина Филип Коснет соопшти дека Косово треба да ги укине царините, а не да создава нови пречки.

„Остануваме против најновиот чекор на примена на реципрочни мерки на дотокот на стока од Србија. Овие мерки создаваат повеќе проблеми во време кога САД веруваат дека договорите за воздушен, железнички и патен сообраќај, кои двете страни ги договорија, кога ќе се применат, ќе го зголемат економскиот развој и ќе ги создадат условите потребни за успешен дијалог“, соопшти амбасадата.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе