Белград: Соништата на Тачи нема да се остварат

„Административната покраина Косово и Метохија и општините Бујановац, Прешево и Медвеѓа се и ќе бидат дел од истата држава – Република Србија, а соништата на Хашим Тачи за припојување на територии нема да се остварат“, порача директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Марко Ѓуриќ.

EPA-EFE

„Хашим Тачи може да сонува за тоа како на самопрогласеното Косово ќе му ги припои Тахити или Јамајка, но тоа никогаш нема да се случи, како што нема да се остварат ни неговите соништа за Бијановац, Прешево и Медвеѓа“, порача Ѓуриќ во соопштение.

Тој оцени дека е одлично тоа што Тачи, со изјавата дека негов сон е општините на југот на Србија да се припојат на Косово, уште еднаш го потсетил светот на вистинското лице на својата политика.

„Наместо да сонува големоалбански соништа, Тачи би требало да почне да размислува за нова професија, бидејќи времето на големоалбанските национални бардови и воени поглавици и неповратно завршено“, кажа Ѓуриќ.

Порача и дека на Тачи може да му вети дека, кога Косово и Метохија фактички ќе го врати статусот што го има според Резулцијата 1244 на ОН, меѓу наведените општини и јужната српска покраина нема да има никакви административни премини и дека жителите на Косово и Метохија по кои нема никакви потерници од Република Србија ќе можат слободно да се движат по целата територија на својата држава Србија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе