Белград, Приштина и Вашингтон номинирани за Нобеловата награда за мир

Шведскиот пратеник Магнус Јакобсон поднесе иницијатива за номинирање на владите на САД, Србија и Косово за Нобеловата награда за мир.

Фото: ЕПА

Како што изјави, на тоа бил поттикнат од Вашингтонскиот договор меѓу Белград и Приштина за нормализирање на економските односи, за кој смета дека го трасира патот за постигнување мировен договор меѓу двете страни.

Овој демохристијански политичар на својот профил на Твитер напиша дека денес ја доставил номинацијата до Шведската академија на науките, која ги доделува Нобеловите награди.

„Затоа сакам да ги номинирам Владата на Соединетите Американски Држави, Владата на Косово и Владата на Србија за Нобеловата награда за мир, бидејќи овој договор има за цел да го елиминира ризикот од нови конфликти на Балканот и е поблизу до мир и меѓусебно признавање“, рече Џејкобсон, пренесе Косово онлајн.

Понатаму додава дека кон крајот на 90-тите години Европа ја погоди крвава војна во која различни делови на поранешна Југославија меѓусебно се бореа на етничка и верска основа.

„По завршувањето на војната, беше тешко да се најде начин што би водел кон помирување, што се гледа од односите меѓу Косово и Србија. Во последниве години, имаше ситуации кога ние, кои го следиме развојот на Балканот, бевме многу загрижени дека може да дојде до нови конфликти. Затоа е многу важно да се види дека претседателот Доналд Трамп и неговата администрација, заедно со владите на Косово и Србија, напредуваа во преговорите за нормализирање на економските односи“, се додава во предлогот.

Како што напиша Џејкобсон, трговијата и комуникацијата се едни од најважните столбови за премин од „студен во топол мир“.

„Ова е многу важен чекор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Ако потпишаниот договор функционира како што е предвиено, трговијата и отворените лични односи ќе отворат пат за меѓусебен мировен договор во кој Србија може да го признае Косово, со што ќе се стави крај на овој долг конфликт“, рече Џејкобсон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе