Тој ја коментираше објавата на сервисот на Европската комисија на Твитер дека „актуелниот претседател на Република Косово се сретна со европскиот комесар за проширување Оливер Вархељи“.
„Според кој договор и кога тоа ЕУ го признала таканаречено Косово? Дали тоа значи дека дијалогот е излишен? Недозволиво е кое било тело на ЕУ, особено Европската комисија да се определува за статусот на нашата јужна покраина“, напиша Петковиќ на Твитер.
Тој напиша и дека никогаш во ЕУ законот на силата не смее да биде посилен од законот на правото.
„Србија не е наивна, посветени сме на дијалогот, но се почитуваме себеси и сите потпишани договори. Затоа очекуваме одговор од сервисот на Европската комисија“, напиша Петковиќ.
Тој му се заблагодари на Вархељи на почитувањето на статусната неутралност за просторот Косово и Метохија и додаде дека Србија го цени секој придонес на дијалогот и компромисот.
Петковиќ ова го напиша како коментар на објавата на Вархељи на Твитер дека имал добра средба во Брисел со вршителката на должноста косовска претседателка Вјоса Османи и дека е важно Приштина да продолжи да ги спроведува реформите во врска со ЕУ, кои вклучуваат борба против корупцијата и организираниот криминал, како и да соработува со регионот.
Under which agreement and when exactly did the EU recognise the so-called Kosovo?!
— Petar Petković/Петар Петковић (@PetkovicPetar) January 12, 2021
Does this imply the dialogue to be redundant?
It is unacceptable that any
EU body, especially
@EC_Commission. (1/3) pic.twitter.com/Seyj1d0ONa