Белград: Однесувањето на Курти ќе предизвика несогледливи последици

Однесувањето на (косовскиот премиер) Аљбин Курти ќе доведе до несогледливи последици по нормализацијата на односите на Белград и Приштина, изјави денес директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ.

EPA-EFE

„Настојувањата на Аљбин Курти на Косово и Метохија целосно да го забрани одржувањето на претстојните парламентарни и претседателски избори на 3 април и со тоа на Србите да им ги укине основните човекови и граѓански права, ќе доведе до несогледливи последици по нормализацијата на односите на Белград и Приштина“, порача директорот на Канцеларијата за КиМ.

Наведе дека таквото сценарио на Курти би ги поништило остварените придвижувања во дијалогот на Белград и Приштина со години наназад и за тоа треба да бидат свесни сите меѓународни претставници кои дејствуваат на просторот на Косово.

„Очигледна е деструктивната намера на Курти да ги поништи и згази сите досега постигнати договори, но прашањето е дали меѓународната заедница повторно мирно ќе гледа како албанските политичари си играат со нормализацијата на односите или овој пат ќе преминат од зборови и соопштенија на конкретни дела“, порача Петковиќ.

Србите на Косово очекуваат да им биде овозможено да го остварат своето гласачко право на 3 април, на идентичен начин како за време на сите изборни процеси досега.

„Затоа овие избори се последната шанса и тест за меѓународната заедница која има апсолутна одговорност и обврска да обезбеди спроведување и почитување на демократските текови и принципи и на српскиот народ на Косово и Метохија да му овозможи да го искористи своето гласачко право“, се наведува во соопштението.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе