Белград: Нема да ја сопрете несреќата на Балканот ако дозволите создавање голема Албанија

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин порача за рускиот канал Русија 24 дека светот нема да ја сопре несреќата на Балканот ако дозволи создавање „голема Албанија“.

„Она што ќе им го дозволите на Албанците, мора да им го дозволите и на Србите. Ако сакате да го решавате албанското национално прашање, и Србите ќе го решат своето национално праѓање. Ние друг пат немаме. Затоа, кога зборувате за Косово, немојте да го издвојувате од целината на српското прашање. Ние мора да го решаваме целосното српски национално прашање, вклучувајќи го Косово и Метохија, но не без него. Претставниците на меѓународната заедница мора да имаат разбирање за српските проблеми“, кажа Вулин.

Тој истакна дека и покрај тоа што во Србија нема консензусс околу прашањето на Косово, интересот на Србија е да ги заштити Србите на Косово.

„Додека има Срби на Косово, можеме нешто да направиме. Она што за нас е многу важно, големите и моќни земји како Русија, мора да препознаат дека се создава „голема Албанија““, кажа Вулин.

Според него, сите Албанци, со исклучок на две општини кои се во Србија, се наоѓаат во единственото политичко-безбедносно опкружување на НАТО.

„Кога Македонија ќе стане членка на НАТО, а тоа се очекува уште оваа година, сите Албанци ќе живеат во единствено политичко-безбедносно опкружување. Тие бараат формализација на својот простор со граници. Сите змеји кои гледааш што се случува молчат. Црна Гора често ја напаѓа Србија, но не и „голема Албанија“, иако таа сака да земе дел од нејзината територија. И Македонија ќесто ќе ја напаѓа Србија, го призна Косово без никакви проблеми, а половина од нејзината територија е на пат кон „голема Албанија“. Сите молчат, само Србија зборува“, изјави српскиот министер за одбрана.

На прашањето дали Србија како воено неутрална земја сепак размислува за тоа да стане членка на НАТО, Вулин одговори дека „сѐ додека претседателот Александар Вучиќ е вроховен командант на српската војска и додека тој е министер за одбрана сигурно е дека Србија нема да влезе во НАТО пактот, па мака била и последната земја во Европа која не е членка на НАТО“.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе