„Се потсмева со меѓународната заедница“

Белград: Курти е опасност за регионот и за Европа

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада, Марко Ѓуриќ, изјави дека кандидатот за косовски премиер Аљбин Курти од ден во ден потврдува колкава опасност претставува за стабилноста на регионот и целата Европа.

Ѓуриќ кажа дека целта на Курти не е подобар живот на Албанците, туку „нанесување штета на Србија и српските национални интереси“.

„Тој по диктаторските рецепти од 30-тите години на минатиот век го обесмислува принципот на мирно решавање на кризата и дијалогот, порачувајќи дека не сака разговори со Белград, туку дијалог за дијалогот, што е еуфемизам за целосно исклучување на дијалогот“, оцени Ѓуриќ.

Во изјавата истакнува дека Курти „се потсмева“ со меѓународната заедница и нејзините обиди да помогне во создавање зона на стабилност и безбедност на западниот Балкан, што „засега му успева и проаѓа без какви било санкции“.

„Негова јасна намера е во што поголема мера со своите фашистички пораки и потези да ги радикализира и милитаризира Албанците за во иднина својот големоалбански проект да го наметне под закана на сила“, тврди Ѓуриќ.

Тој истакна дека Србија „никогаш нема да потклекне пред заканите на непријателите на демократијата и мирот“ и дека ќе вложи политички, дипломатски и „секакви други средства кои ѝ се на располагање“ за да „го скроти пироманот Курти и неговите најекстремни поддржувачи“.

Според него, претседателот на Србија Александар „Вучиќ е цврст гарант дека секоја можност за избегнување судир со албанските екстремисти ќе биде искористена“.

По оценката дека „Курти одамна излезе од рамките на мирнодопската реторика и политичката практика“, Ѓуриќ наведе дека е „последен момент со сложна меѓународна акција паликуќата да се спречи во своите опасни намери“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе