Белград: Косово се вооружува; Курти: Точно е, но не треба да му се верува на Белград

Британија, како што јавуваат српските медиуми, ѝ испорачала на Приштина извесно количество противтенковски ракетни системи „џавелин“.

EPA-EFE

Тие според мислењето на експертите се покажале како ефикасно оружје во борбите во Украина.

Официјален Белград јавно праша против што е наменето дополнителното вооружување на Косовските безбедносни сили?

Косовскиот премиер Аљбин Курти го потврди зголемувањето на буџетот за војската, но истакна дека изјавите на Белград не треба да се земаат како факти.

„Изјавите кои доаѓаат од Белград не треба да се прифаќаат како факти. На тоа нè учат и минатото и сегашноста. Но, точно е, го зголемивме буџетот за војската за 52 отсто“, порача тој.

Од друга страна, министерот за одбрана на Косово Арменд Мехај на Твитер наведе дека косовската војска е опремена и продолжува да се снабдува со модерно оружје.

„Нашата земја е безбедна благодарение на нашата војска и нашите сојузници Соединетите Американски Држави. Вложувањето во војската е наша обврска која ќе ја исполниме по секоја цена“, напиша тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе