Тие според мислењето на експертите се покажале како ефикасно оружје во борбите во Украина.
Официјален Белград јавно праша против што е наменето дополнителното вооружување на Косовските безбедносни сили?
Косовскиот премиер Аљбин Курти го потврди зголемувањето на буџетот за војската, но истакна дека изјавите на Белград не треба да се земаат како факти.
„Изјавите кои доаѓаат од Белград не треба да се прифаќаат како факти. На тоа нè учат и минатото и сегашноста. Но, точно е, го зголемивме буџетот за војската за 52 отсто“, порача тој.
Од друга страна, министерот за одбрана на Косово Арменд Мехај на Твитер наведе дека косовската војска е опремена и продолжува да се снабдува со модерно оружје.
„Нашата земја е безбедна благодарение на нашата војска и нашите сојузници Соединетите Американски Држави. Вложувањето во војската е наша обврска која ќе ја исполниме по секоја цена“, напиша тој.