Белград: Хитлеровските соништа на Аљбин Курти

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ оцени денес дека единствениот кој претставува опасност за мирот и стабилноста на Западниот Балкан е, како што кажа, „малиот балкански Хитлер“ Аљбин Курти кој „сонува до последен Србин да го исчисти просторот на Косово и Метохија“.

EPA-EFE

„Во таквите хитлеровски соништа и планови му пречи (српскиот) претседател Александар Вучиќ кој лавовски се бори за интересите на српскиот народ на КиМ, кој нема да дозволи на никого етнички да го исчисти нашиот народ од јужната покраина и да спроведува нови погроми и олуји“, наведе Петковиќ како реакција на последната изјава на Курти во која Вучиќ го нарече „мал Путин“.

Петковиќ укажа дека во тоа лежи причината за секојдневните напади на Курти на Вучиќ, кој ја докажал својата определеност за регионалните мир и стабилност, за изградба на довербата и мирниот соживот.

„Додека Белград им помага и на Србите и на Албанците, Приштина ја обнови спомен куќата на нацистичкиот соработник Џафер Дева, додека малиот Хитлер сака да прави голема Албанија, Белград се залага за отворен Балкан и додека одбива да ја формира заедницата на српски општини како гарант на мирот и стабилност, Курти испраќа специјалци во српските средини“, укажа Петковиќ.

„Затоа му порачувам на малиот Хитлер дека Александар Вучиќ ќе остане негов кошмар бидејќи никогаш нема да дозволи да го исчисти Косово и Метохија од Србите и да ги оствари своите соништа за етнички чист Космет“, порача Петковиќ.

Косовскиот премиер Аљбин Курти го нарече вчера претседателот на Србија „мал Путин“ и кажа дека со Вучиќ и „неговиот пријател од Република Српска“ Милорад Додик „мирот и безбедноста на Западниот Балкан се повеќе од загрозени“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе