Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Белград

Граѓаните растерани со солзавец, жандармеријата тепаше луѓе во стампедо (ФОТО+ВИДЕО)

Неколку илјади граѓани се собраа пред Националното собрание во Белград околу седум часот за да го искажат своето незадоволство од вчерашната најава на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека за викендот ќе биде воведен полициски час. Некаде по осум часот дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите, а по употребата на солзавец, граѓаните беа растерани.

Протестот почна мирно, но потоа се случи инцидент. Граѓаните фрлаа петарди кон полициските службеници, а овие возвратија со солзавец. Граѓаните потоа се разбегаа, пренесе КРИК, а полицијата постави кордони низ целиот центар.

Демонстрантите се раштркаа во неколку групи откако полицијата фрли големо количество солзавец. Претходно, на булеварот пристигнаа оклопни возила.

Откако жандармеријата фрли солзавец и тргна во јуриш, луѓето почнаа во стампедо да паѓаат едни преку други. Додека беа во толпата, припадниците на безбедносните сили ги тепаа со пендреци.

Нешто пред тоа, водачот на Движењето на граѓаните на Србија, Сергеј Трифуновиќ, беше повреден во толпата, откако беше удрен по глава.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе