По барањето за влез во НАТО

Белград: Бесмислена игра на Приштина, создавање лажна опасност од Србија

Барањето на таканаречено Косово за итно членство во НАТО е бесмислена игра на Приштина и нејзините западни сојузници, смета претседателот на Одборот за Косово и Метохија на српскиот парламент Милован Дрецун, со оценка дека тоа членство не е реално и дека голема пречка за тоа се членките на ЕУ и НАТО кои не го признаваат Косово, а за кои, како што кажа, прифаќањето на таквата игра на Приштина би бил голем политички ризик.

EPA-EFE

Дрецун за Танјуг кажа дека Приштина ја користи секоја ситуација околу украинската криза за спроведување пропагандна, хибридна операција со која, како што вели, се обидува Србија да ја прикаже како проруска и антизападна земја и да создаде впечаток дека на Косово му се заканува опасност и дека Србија ќе користи воени мерки за решавање на косовското прашање.

„Истовремено го користи тоа за да ја зајакне својата позиција на западот, но и да ги замаскира вистинските активности кои ги спроведува, а тоа се класични воени подготовки за решавање на проблемот со северот на Косово и Метохија, бидејќи тоа на Приштина ѝ е трн во око“, наведе Дрецун.

Укажа на интензивните активности на Приштина насочени кон јакнење на воените потенцијали наведувајќи дека командантот на косовските безбедносни сили побара од раководството на Албанија поголема воена помош во вид на обука и противоклопно оружје, додека претседателката на Косово Вјоса Османи во Турција договори испорака на беспилотни летала „барјактар“.

„Приштина се обидува да претстави лажна опасност од замислена српска агресија додека истовремено се спрема на воен начин да го заземе северот на КиМ“, кажа тој.

Зборувајќи за барањето за воспоставување постојана американска воена база на Косово, Дрецун наведе дека таму е присутен КФОР и дека најголем дел од силите ги сочинуваат земји членки на НАТО, а дека САД имаат еден од најголемите контингенти и постојаната база Бондстил, како и дека често престојуваат во базата Нотинг хил на северот на Косово.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе