Белград: Ако Приштина ги прекрши обврските, знаеме што да правиме

Белград својата обврска да се воздржи од кампањата на „отпризнавање“ на независноста на Косово ќе ја почитува, но ако обврските бидат прекршени од другата страна, знаеме што да правиме, кажа српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ.

EPA-EFE

Тој, на новинарското прашање дали навистина десетина држави се спремни да ги повлечат своите одлуки за признавање на Косово, доколку Приштина тргне во кампања за нови признавања, одговори дека Белград е лојален партнер и одговорен кон она што ќе го договори.

„Со Вашингтонскиот договор е утврдено Белград да не води кампања за повлекување на признавањата, ниту Приштина да се пријавува за членство во меѓународните организации ниту да води нова кампања за признавање. Ние се држиме до својата обврска и ќе се држиме, а ако таа биде прекршена од другата страна знаеме што да правиме“, кажа министерот Селаковиќ.

Тој потсети и дека српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека никој не треба да ги потценува моќта и силата на Србија, поради тоа што Белград е прибран, ја работи својата работа, молчи и не бранува многу.

„Она што на сите им е јасно е дека кога со Белград нешто ќе договорите, тоа се исполнува и така ќе биде во иднина“, додаде Селаковиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе