Од градското собрание на Антверпен

Белгиски пратеник се качи на покрив: „Во тек е исламска окупација“ (ВИДЕО)

Висок член на белгиската фламанска националистичка партија се качи на покривот на градското собрание во Антверпен за да испрати порака за, како што рече, притаената „окупација“ од страна на муслиманите.

Филип Девинтер, лидер на десничарската, антиимиграциска партија Влаамс Беланг, во холандскиот дел на Белгија, постави видео на кое стои на покривот и дава брза лекција по историја пред да почне да ги изнесува своите аргументи.

Градското собрание во Антверпен „е тука уште од околу 1565 година“, рече Девинтер, страсно додавајќи дека преку пет века бил окупиран „од Римјаните, Шпанците, Французите, Германците и денес од исламот“.

Според пратеникот, секој четврти жител на Антверпен е муслиман, а „повеќе од половина“ од учениците доаѓаат од исламски семејства. „Ова мора да престане“, рече Давинтер, повикувајќи на запирање на перципираната „окупација на нашиот град од страна на исламот“.

Покрај својата традиционална сецесионистичка агенда, Влаамс Беланг („фламански интерес“) долго време се спротивставуваше на имиграциската политика и мултикултурализмот на ЕУ.

Нејзината популарност се зголеми со миграциската криза што ја погоди Европа во 2015 година, поради што партијата собра над 13 проценти од фламанските гласови за време на локалните избори во Белгија во 2018 година.

Во 2019 година Влаамс Беланг оствари огромен успех на националните, регионалните и европските избори што се одржаа истиот ден, зголемувајќи го својот број пратеници во белгискиот парламент на 18 - најдобар резултат последниве неколку години.

Сепак, националистичката партија е обвинета за ширење ксенофобија и негување расизам, што таа жестоко го негира. Претходно во август, Влаамс Беланг мораше да избрка еден од своите членови, откако беше фатен дека пишува расистички пораки на Тиндер.

И самиот Девинтер беше предмет на полициска истрага во 2014 година, кога неговата веб-страница објави контроверзна компјутерска игра во која играчот можеше да ги смачкува проевропските политичари Елио ди Рупо и Гај Верхофштат, како и муслимани и џамии, прикажани како муви.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе