Балтик

Белгиски ловец Ф-16 пресретнал два руски борбени авиони над американски разурнувач (ВИДЕО)

Белгиски ловец Ф-16, патролирајќи по Балтичкиот регион, пресретнал два руски борбени авиони кои летале над американски разурнувач крај брегот на Литванија.

На видео-снимката направена од пилотската кабина, која ја објави воздушната команда на НАТО, се гледаат два руски борбени авиони во меѓународниот воздушен простор над американскиот разурнувач УСС Доналд Кук, кој од 11 април се наоѓа во Балтичко Море.

„Белгискиот ловец Ф-16 изврши професионално пресретнување и го напушти местото на настанот, демонстрирајќи дека НАТО е секогаш спремно да одговори на секоја потенцијална закана“, наведува воздушната команда на воениот пакт во соопштение.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе