Белен: „Европа не мора да игра на музиката на Трамп“

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен ја повика ЕУ да не игра на музиката на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Европејците не мораат да играат кога Трамп ќе засвири“, рече Ван дер Белен во интервју за германскиот весник Велт.

Тој го повика Брисел да даде отпор против политиката на американскиот претседател.

Конкретно, во таа смисла, го спомена нуклеарниот договор со Иран, кој Вашингтон првично заедно со останатите го договори, а потоа Трамп ги повлече САД од тој договор.

Трамп, според него, без никаква причина го прогласи договорот за неважечки и потоа на европските компании, со закана од санкции им забрани да соработуваат со Иран.

„Тоа, сметам, оди предалеку“, истакна Ван дер Белен.

Ова не е прв пат Ван дер Белен да ја критикува американската администрација под претседателот Трамп.

Така на почетокот на годината ја окарактеризира американската администрација како „неспособна" и додаде дека Трамп очигледно нема интерес за западна Европа.

Ван дер Белен, во интервјуто за Велт предупреди на опасноста од развојот со различна брзина во Европа.

Тој рече дека разговарал со соседите на Австрија и дека тие не треба да се чувствуваат запоставени, односно истиснати на маргините на Европа, бидејќи тоа е опасно.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе