Белец во униформа пукаше во џамија во Норвешка, едно лице е рането

Едно лице е рането во пукање во џамија во близина на Осло, а осомничениот е уапсен, соопшти денес норвешката полиција.

„Едно лице е рането. Не ни е познато за какви повреди станува збор. Осомничениот е уапсен, а полицијата е на лице место“, соопшти полицијата на Твитер.

Пукањето се случило во исламскиот центар Ал нур во Баерум, предградие на Осло.

Полицијата наведе дека нема информации за можни други напаѓачи.

„Еден наш службеник беше ранет со огнено оружје од страна на белец во униформа“, изјави претставникот на џамијата Ирфан Муштаг за локалниот весник Будстика.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе