Другата страна на Америка

Белци клечеа пред црнци и молеа за прошка поради расизмот, овие плачеа (ВИДЕО)

Од САД, во купот шокантни сцени на полициско насилство и бес на демонстрантите поради убиството на Џорџ Флојд, доаѓа и една глетка од родниот град на Флојд што стана вирална, како симбол на спротивност на хаосот и расните тензии.

На видеото, кое го објавија локалните медиуми, се гледаат бели верници, жители на Хјустон во државата Тексас, како клечат пред своите црни соседи и ги молат за прошка.

„Бараме прошка од нашите црни браќа и сестри за многуте години расизам, системски расизам“, може да се слушне како вели белецот на чело на насобраните, во говор што во исто време беше молитва кон Бог и молба за прошка.

И додека и други бели верници исто така клекнуваат, со наведнати глави и раце кренати кон небото, црнците што стојат пред нив не можат да ги сопрат солзите, а потоа и тие клекнуваат.

„Тука сме денес денес затоа што еден полицаец му клечеше на вратот на црн маж - што ни е подраго? Тоа или да клечиме во мир и солидарност?“, се прашува Џони Гентри, организаторот на молитвата.

Во друг клип, снимен од Фокс њуз, се слуша како белец со затворени очи и дланки положени на градите вели: „Молете се за моите бели, црни и кафени браќа и сестри што имаа храброст да го разоткријат бесрамниот расизам во моето срце“.

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе