Белата куќа „војува“ со главниот државен епидемиолог

Белата куќа сѐ повеќе го критикува американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи среде порастот на тензиите меѓу Фаучи и претседателот на САД Доналд Трамп.

EPA-EFE

Еден функционер на Белата куќа вчера објави листа изјави за кои сметаат дека се проблематични, пишува Би-би-си.

Меѓу нив се променливите препораки на Фаучи за носење маски и предупредувањата дека ситуацијата во САД со коронавирусот е сериозна.

Во документот кој за време на викендот протече од Белата куќа, се наведува дека „неколку функционери на владата се загрижени поради грешките на доктор Фаучи“.

„Кога ќе ме прашате дали го слушам советот на доктор Фаучи, мојот одговор е само внимателно“, изјави денес советникот на Белата куќа Петер Наваро.

Забелешките доаѓа среде забележителнио скок на бројот на заразени со вирусот во САД.

Потврдени се 3,3 милиони случаи, а повеќе од 135.000 луѓе умреа од ковид-19 низ земјата, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

Фаучи повеќе пати истакнуваше дека брзото попуштање на мерките влијае врз побрзото ширење на заразата, а се спротивстави и на изјавите на Трамп дека епидемијата во САД се смирува.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе