Белата куќа снема струја додека Трамп се колнеше дека им верува на американските разузнавачи (ВИДЕО)

Додека американскиот претседател Доналд Трамп читаше изјава во која ја изрази својата „целосна верба и поддршка“ за американските разузнавачки агенции, за кои беше обвинет дека ги понижил на самитот во Хелсинки, Белата куќа снема струја.

„Имам целосна верба и поддршка... за американските разузнавачки агенции“, рече Трамп попладнево, читајќи го документот што беше подготвен за него. Тогаш во собата завладеа мрак.

„Упс, ми изгасија светло. Мора ова да се разузнавачките агенции“, се пошегува Трамп и предизвика смеа кај републиканските пратеници во собата.

Речиси сите главни американски медиуми, Демократската партија, па дури и многумина од републиканците во понеделникот го осудија дека ја нападнал американската разузнавачка заедница на темата дека Русија активно се вмешала во американските претседателски избори во 2016.

Трамп даде малку збунувачко објаснување за своите коментари во Хелсинки, велејќи им на новинарите дека кога рекол дека не гледа причина зошто Русија „би се“ вмешала во изборите во САД, сакал да каже дека не гледа причина зошто Русија „не би се“ вмешала.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе