Белата куќа: Русија си создава изговор за напад на Украина

Американските разузнавачи дошле до сознание дека Русија се обидува да создаде изговор за нејзините војници да ја нападнат Украина, како и дека Москва веќе распоредила свои оперативци за акции во источна Украина, тврди Белата куќа.

Фото: ЕПА

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки синоќа изјави дека, според разузнавачките податоци, Русија, преку кампања за ширење дезинформации преку социјалните мрежи - веќе ја поставува основата Киев да биде окарактеризиран како агресор, кој наскоро подготвува напад врз силите поддржани од Москва во источна Украина.

Псаки ја обвини Русија дека веќе распоредила оперативци, обучени за ситуации на граѓанска војна, кои би можеле да користат експлозивни направи против силите поддржани од Москва, а Украина ќе биде обвинета за нападот, пренесува АП.

„Загрижени сме дека руската влада се подготвува за напад во Украина што може да резултира со широко распространето кршење на човековите права и воени злосторства доколку дипломатијата не ги постигне своите цели“, рече Псаки.

Белата куќа не прецизираше колку веродостојни може да бидат најновите сознанија.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во четвртокот изјави дека американската разузнавачка заедница нема процена дека Русите, кои, според американската агенција АП, распоредиле околу 100.000 војници долж украинската граница, дефинитивно одлучиле да почнат воена акција.

Москва, која наведува дека не планира напад врз Украина, бара од НАТО и од САД писмени гаранции дека западната воена алијанса нема да се прошири на исток.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера предупреди дека Москва го „изгубила трпението“, дека нема да чека бесконечно одговор од Западот и дека очекува НАТО и САД да одговорат следната недела.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе