Мекенани им кажа на новинарите дека лидерите на поранешната советска република Белорусија треба да ги слушаат барањата на големиот број демонстранти кои три недели на улиците ја обвинуваат власта за местење на изборите.
„Големиот број Белоруси кои мирно протестираат јасно покажува дека владата не може да ја игнорира народната волја за демократија и Русија исто така мора да го почитува белорускиот суверенитет и правото на нејзиниот народ да ги бира сопствените лидери слободно и чесно“, кажа Меканани.
Заменикот американски државен секретар Стивен Бејган кажа минатата недела дека руска воена интервенција во Белорусија „би била многу непожелна“, но додаде дека Вашингтон нема никакви информации дека такви планови постојат.
Со недели траат протестите и штрајковите откако Лукашенко победи на изборите на 9 август со 80 отсто од гласовите за кои опозицијата тврди дека биле наместени, но тој ги отфрла обвинувањата и демонстрантите ги обвинува дека сакаат да го урнат водени од раката на Западот.
Белорусија е најблискиот сојузник на Русија и територија на поранешниот Советски Сојуз. Во најсилната порака на поддршка рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот кажа дека формирал резервни полициски сили кои би можеле да му помогнат на Лукашнко доколку нештата во земјата избегаат од контрола.
Бејган го повика Минск да прифати медијација на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).
Мекенани кажа дека американските власти внимателно го следат развојот на состојбата во Белорусија и ги поддржуваат меѓународните напори да се преиспитаат тврдењата за изборни неправилности, кршења на човековите права и владино задушување на мирните протести.
Опозицијата, на чело со Светлана Тихановскаја, која беше кандидат на изборите но избега во соседна Литванија, организираше два големи протести на 16 и 23 август, а првите протести по изборите на 9 август беа на сила задушени, при што три лица беа убиени, со повеќе десетици повредени и над 7.000 приведени демонстранти.