Белата куќа привремено ги прекинува брифинзите за коронавирусот

Белата куќа ги прекина секојдневните брифинзи за пандемијата на коронавирусот, но кажа дека ќе ги продолжи подоцна, додека се преминува во новата фаза на отворање на економијата.

Паузата со брифинзите следи по неколкуте бурни дена бидејќи републиканскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот сугерираше дека вбризгувањето дезинфициенс би можело да биде лек за вирусот ковид-19.

Меѓународниот совет од лекари, здравствени експерти и произведувачи ги повика луѓето да не пијат и да не вбризгуваат дезинфициенси по коментарот на Трамп.

Претставничката за јавност на Белата куќа Кејли Мекенани им кажа на новинарите дека брифинзите би можеле да имаат нов изглед и нов фокус.

„Мислиме дека тие ќе бидат многу позитивна, корисна прилика претседателот да разговара за американскиот народ“, кажа теа пред Белата куќа.

На брифинзите, кои често траеја и по два часа, американските здравствени експерти ги објавуваа вестите за напорите на сојузната влада во борбата против епидемијата на вирусот во која умреа над 54.000 Американци.

Во изминатите неколку недели тие станаа и платформа на која Трамп, кој се обидува повторно да биде избран во ноември, ги изнесуваше сопствените теории за коронавирусот и потенцијалните лекови или за напади врз неговите политички непријатели.

Денешниот брифинг, кој беше најавен во официјалниот распоред на претседателот за во 17 часот, не се одржа, како што најави Мекенани. Наместо тоа, Трамп ќе им биде достапен на медиумите за време на средбата во Белата куќа со извршните директори и водечките луѓе во индустрискиот сектор.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе