Претставници на четирите земји потпишаа писмо со намера во понеделникот за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Ирак, соопшти вчера кабинетот на ирачкиот премиер Мохамед ал-Судани.
Катар и ОАЕ најверојатно финансиски ќе го поддржат проектот, чии трошоци се проценуваат на 20 милијарди долари.
„Патот на развојот“ треба да биде завршен во 2038 година, кога мрежата на патишта и железници ќе го поврзе новото пристаниште во ирачка Басра на Персискиот залив со турското пристаниште Мерсин на Средоземното Море.
Коридорот потоа треба да се протега до Истанбул и Европа. Турскиот претседател го нарече проектот „нов пат на свилата“.
Пристаништето Ал-Фау во Басра, долго повеќе од 14 километри, го гради јужнокорејска компанија и треба да им парира на најголемите на Блискиот Исток и да стане важен азиско-европски центар, се надева Багдад.