Белата куќа повторно се заканува со укинување на акредитацијата на новинарот на Си-ен-ен

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно се заканува со укинување на акредитацијата на новинарот на Си-ен-ен Џим Акоста за известување од Белата куќа.

Откако федералниот судија наложи акредитацијата на Акоста да му биде привремено вратена в петок, Белата куќа му прати писмо на Акоста во кое наведува дека донеле „прелиминарна одлука“ да му се укине акредитацијата кога ќе истече налогот на судијата, пренесува АП.

Белата куќа тврди дека Акоста не ги испочитувал „основните стандарди“ на неодамнешната конференција за новинарите, на која „избија искри“ меѓу него и Трамп, и поради тоа на овој новинар му беше укината акредитацијата.

Судијата минатата недела донесе одлука „од ограничена природа“, со која на Акоста привремено му се враќа акредитацијата.

Во меѓувреме, Си-ен-ен ја обвини американската администрација за кршење на Првиот и на Петтиот амандман од Уставот на САД.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе