„Истрагата е целосно неоснована“

Белата куќа нема да учествува во подготовката на обвинието за отповикување на Трамп: Фарса, ѝ го трошите времето на Америка

Белата куќа синоќа потврди дека нема да учествува на седницата за подготвување на официјално обвинение за смена на претседателот на Соединетите Американски држави Доналд Трамп.

Белата куќа се изјасни пред истекот на рокот утврден од Судскиот комитет на Претставничкиот дом.

Белата куќа процесот во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го нарече „фарса“.

„Како што знаете, вашата истрага за покренување обвинение е целосно неоснована“, напиша Пет Сиполони адвокатот на Белата куќа во писмо до пратеникот на демократите Џери Недлер, претседавач на Судскиот комитет на долниот дом на американскиот Конгрес.

Белата куќа, која досега одбиваше да соработува во истрагата на демократите за отповикување на претседателот, до петок вечер имала рок да се изјасни дали ќе учествува, преку адвокат, на седницата за пишување на официјален предлог од Судскиот комитет за негово отповикување.

Во двата параграфи на писмото експлицитно не се кажува дека Белата куќа одбива да учествува, но, според еден висок функционер на администрацијата, тоа е значењето на текстот, наведе АП.

Во писмото, адвокатот на Белата куќа ги обвинува демократите дека ѝ „го трошат времето на Америка“ со „таа фарса“, велејќи дека усвојувањето на официјалниот предлог за отповикување на претседателот Трамп би било исто како „несовесна злоупотреба на службената должност“, за што критичарите го обвинуваат Трамп.

Во писмото, Сиполони ја цитираше пораката на Трамп објавена на Твитер порано оваа недела: „Ако сакате да ме отповикате, направете го тоа сега, брзо, да можеме да имаме фер судење во Сенатот и нашата земја да може да се врати на работа“.

Одлуката е донесена еден ден откако Претседателката на Претставнички дом Ненси Пелоси објави дека побарала од комисиите кои ја водат истрагата за односите на Трамп со Украина да започнат со пишување на обвинение поради „злоупотреба на службената должност“ бидејќи тој „се обидува повторно да ги компромитира изборите во сопствена корист“.

Гласањето за отповикување во Претставничкиот дом би можело да биде пред божиќниот одмор, и ако предлогот помине, ќе биде на ред во Сенатот на почетокот на следната година, каде мнозинство се републиканците на Трамп.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе