Белата куќа најави за што ќе разговараат Бајден и Путин

Џо Бајден планира за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин да разговара за заканата која ја претставуваат обидите за сајбер изнудување и прикривањето на хакерите кои ги изведуваат, соопшти Белата куќа.

EPA-EFE

„Очекуваме ова да биде едно од прашањата за кои Бајден ќе разговара со претседателот Путин на самитот“, соопшти портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Таа истакна дека американскиот претседател смета дека Путин и руската влада мора да преземат позначителна улога во сопирањето и спречувањето на сајбер нападите.

Најголемата светска компанија за преработка на месо ЈБС СА се најде неделава на мета на хакери што доведе до застој во производството во САД, Канада и Австралија, а многу работници беа принудени да останат дома.

Бразилската компанија ЈБС СА ја информираше американската влада дека хакерското барање за плаќање откуп за повторно да добијат контрола врз својот блокиран електронски систем дошол од криминална организација, најверојатно од Русија, соопшти Белата куќа.

Првата средба на Бајден и Путин откако американскиот претседател ја презема функцијата треба да се одржи на западниот брег на Женевското Езеро во среда, 16 јуни, и треба да придонесе на обновата и стабилизацијата на меѓусебните односи на двете држави кои се на најниско ниво уште од Студената војна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе