Си-ен-ен

Белата куќа му се заканува на Болтон, сакаат да го спречат да ја објави книгата со мемоари (ВИДЕО)

Белата куќа му упати формална закана на Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, за да го спречи да ја објави книгата „Собата во која што тоа се случи; Мемоари од Белата куќа“, јавува Си-ен-ен повикувајќи се на извор запознаен со случајот.

Си-ен-ен наведува дека Белата куќа одбила да ги коментира тврдењата, додека Болтон и портпаролот на издавачката куќа која треба да ја издаде книгата не одговориле на барањето за коментар.

Њујорк тајмс претходно цитираше дел од необјавената книга на Болтон, каде вели дека Трамп му кажал дека сака да ја замрзне воената помош за Украина додека Киев не му помогне во истрагите за демократите, вклучувајќи го поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Книгата на Болтон треба да биде објавена на 17 март.

Трамп претходно демантираше дека му кажал на Болтон дека планира да ја искористи помошта за вршење притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги истражи Бајденови врз основа на непоткрепените обвиненија за корупција.

Републиканците во Сенатот се под притисок да дозволат сведоци и нови документи на судењето за отповикување на Трамп по откритието дека книгата на Болтон го поткопува клучниот аргумент на одбраната – дека Трамп никогаш не ја условувал воената помош на Украина со барањето нејзините власти да го истражат политичкиот ривал Џо Бајден.

Републиканскиот сенатор Мит Ромни, кој често го критикува Трамп, кажа претходно дека е сѐ поверојатно дека најмалку четири републикански сенатори ќе гласат Џон Болтон да се повика да сведочи, што на демократите би им ги обезбедило потребните гласови да го повикаат.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе