Белата куќа ја предупреди Русија дека ќе трпи последици доколку Навални умре

Белата куќа предупреди дека Русија ќе сноси „последици“ во случај на смрт на лидерот на руската опозиција Алексеј Навални, чија здравствена состојба во затворот е влошена.

Фото: ЕПА

„Што се однесува до конкретните чекори што би ги презеле, разгледуваме различни видови казни што би ги наметнале и нема да ги откривам јавно во оваа фаза, но ги навестуваме последиците доколку Навални умре“, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан за Си-ен-ен.

Според него, САД најпрво би се обединиле со Европската Унија и другите демократии низ целиот свет, со цел да воведат санкции како одговор на фактот дека руските власти користеле хемиско оружје против Навални.

„Второ, ја известивме руската влада дека она што ќе се случи со Навални, кој беше затворен, ќе биде нејзина одговорност“, рече Саливан.

Навални (44) пред повеќе од три недели почна штрајк со глад во знак на протест дека затворските власти не му дозволиле да биде прегледан од приватен лекар поради болки во грбот и губење на осетот во нозете.

Лекарот што го прегледа Навални неодамна рече дека неговата здравствена состојба нагло се влошува.

Руски опозиционер, кој минатата година во Германија беше лекуван од труење со нервен агенс, издржува затворска казна од две и пол години во затворскиот логор Покров, на околу 100 километри од Москва.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе