Белата куќа им прогласи војна на истражителите за импичментот - одби да соработува

Белата куќа официјално одби да соработува со истрагата за импичмент против претседателот Доналд Трамп.

Белата куќа синоќа им прогласи војна на истражителите за импичмент на Трамп, соопштувајќи дека нема да соработува со „нелегалниот обид да се сменат резултатите од изборите 2016“. Со тоа се создадени услови за уставен судир со долгорочни последици, вели Њујорк тајмс.

Во писмо испратено до демократските водачи истрагата се отфрла како „неоснована“ и „уставно невалидна“.

Три комитети предводени од демократите во Домот водат истраги против Трамп.

Истрагите треба да откријат дали претседателот блокирал помош за да ја натера Украина да го испита Џо Бајден, кој се кандидира за претседателската демократска номинација.

Писмото од Белата куќа доаѓа неколку часа откако администрацијата на Трамп му забрани на американскиот амбасадор во Европската Унија да се појави пред конгресните истражители за импичментот.

 

Што вели писмото?

Советникот на Белата куќа Пат Сиполон во писмото од осум страници им се обраќа на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и на тројцата претседатели на демократските комитети.

Тој ги обвинува дека покренале истрага „што ја нарушува основната праведност и уставно овластениот процес“ - конкретно со тоа што не спровеле гласање за покренување на истрагата.

Во писмото демократите се обвинуваат дека се обидуваат да го променат изборниот резултат од 2016 година и се напаѓа истрагата како „уставно невалидна и повреда на соодветната процедура“.

„За да ги исполни своите должности кон американскиот народ... претседателот Трамп и неговата администрација не можат да учествуваат во вашата пристрасна и неуставна истрага под овие околности“.

Пелоси го нарече писмото „очигледно погрешно“ и го обвини Трамп дека се обидува да го „нормализира беззаконието“.

„Господине Претседател, вие не сте над законот. Вие ќе одговарате“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе