Белата куќа го отфрли планот на Путин за референдум во Украина

Белата куќа соопшти дека „не разгледува да го подржи“ повикот на рускиот претседател Владимир Путин за одржување референдум на истокот на Украина.

Белата куќа ова го наведе набргу по неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Рускиот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Анатолиј Антонов претходно изјави дека двајцата лидери на самитот во Хелсинки на 16 јули разговарале за можноста за референдум во источно украинските области кои се под контрола на проруските сепаратисти.

Белата куќа наведе дека мировниот договор потпишан во Минск во 2015 година не ја вклучува можноста за референдум и дека неговото одржување на територија што не е под контрола на Киев нема да има легитимитет.

САД и Русија се на спротивни страни во украинскиот конфликт, започнат во 2014 година после побуната против тогашниот проруски претседател на Украина Виктор Јанукович и руското припојување на полуостровот Крим.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе