Белата куќа го критикува Израел: Безбедноста на новинарите е клучна

Соединетите Држави го критикуваа Израел за ракетирањето на зградата во која се сместени канцелариите на медиумите АП и Ал џезира.

Фото: ЕПА

„Ние директно им порачавме на Израелците дека осигурувањето безбедност на новинарите и независните медиуми е најважната одговорност“, напиша портпаролката Џен Псаки на својот профил на Твитер.

Израелската армија ја урна повеќекатната зграда во која се наоѓаа канцелариите на медиумите, но потоа објавија дека зградата била мета поради воената опрема на Хамас.

Имено, ИДФ тврди дека исламистичката група Хамас ја крие својата опрема во медиумските канцеларии и со тоа ги користи „како жив штит“. Овој потег го осуди меѓународната заедница, додека израелската војска останува на својот став.

Најновиот напад се случи денес, кога беше урната куќата на еден од заменик-лидерите на Хамас, Калил ал-Хаја.

Ал-Хаја е член на политичкото биро на Хамас во појасот Газа и живее во бегалскиот камп Шеѓаи во градот Газа.

Засега нема информации за можни жртви во тој напад.

Израелската армија подоцна потврди дека е бомбардирана куќата на заменик-водачот на Хамас и објави видео.

Војската наведе дека куќата била користена како „терористичка инфраструктура“, но детали не беа соопштени, објавија израелските медиуми.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе