„Би било контрапродуктивно“

Белата куќа го блокираше сведочењето на главниот епидемиолог пред Конгресот

Докторот Ентони Фаучи кој во последните недели често му се спротивставуваше на американскиот претседател Доналд Трамп и работеше како коректор на изјавите на претседателот н САД, нема да има прилика да сведочи пред Конгресот, во процесот кој го почна еден од конгресните пододбори, во врска со начинот на кој Трамповата администрација се бори со коронавирусот.

Неговото сведочење е блокирано токму од Белата куќа, јавува Си-ен-ен.

„Додека целата администрација со заеднички сили работи на борбата со вирусот – во тој процес влегува и безбедното отворање на Америка и напредокот во развојот на вакцината – би било контрапродуктивно кој било поединечно да сведочи пред Конгресот“, изјави заменик секретарката за медиуми на Белата куќа Џуд Дир.

Сепак, сведочењето нема да биде проблематично кога Фаучи ќе треба да се појави пред Конгресот во мај и тоа пред комисија на републикански одбор, каде ќе станува збор за тоа колку досега е направено во борбата со опасната болест.

Последното во низата несогласувања меѓу Трамп и Фаучи е во врска со сојузната држава Џорџија.

Трамп го поддржа отворањето на таа држава и промените кои се воведуваат, додека Фаучи е загрижен од тие потези:

„Мислам дека не е добро да се скокаат одредени фази, а тие токму тоа го прават“.

И тоа е само едно во низата несогласувања, по несогласувањето околу хлорокинот, евентуалното враќање на вирусот, (не)правилните цитати во медиумите и многу други теми.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе