Белата куќа до Белград и Приштина: Фокусот да е на меѓусебното признавање

Белата куќа ги повика Белград и Приштина да ја остават на страна екстремистичката реторика и да работат на договор што се фокусира на заемно признавање.

„Приштина и Белград мора да ги удвојат напорите кон сеопфатен договор фокусиран на заемно признавање и неодложно да ги отстранат пречките кои го попречуваат напредокот“, изјави портпаролот на Белата куќа по повод 20 години од влегувањето на НАТО на Косово.

Портпаролот на Белата куќа истакна дека единствениот пат кон подобра иднина е „соседскиот дијалог“ за нормализација на односите, кој ќе го отвори патот на Белград и Приштина кон евроатлантската заедница.

САД, како што се истакнува, се спремни да го помогнат процесот, но сега Приштина и Белград треба да ги направат следните чекори.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во последните пет години не дал ниедна екстремистичка изјава и додаде дека паушални коментари не го интересираат.

Тој кажа дека би сакал од Белата куќа, од каде што порачаа да се „остави на страна екстремистичката реторика“, да му кажат која српска изјава била екстремистичка.

„Во претходните пет години не можете ништо да ми најдете. Новинарите само еднаш ме фатија нешто тивко да опцујам, за време на поплавите, и тоа е единствениот пат кога можеа да ме фатат да кажам нешто непристојно“, кажа Вучиќ.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе