Белата куќа демантираше дека потпретседателот Пенс е во самоизолација

Белата куќа синоќа ја демантираше информацијата дека американскиот потпретседател Мајк Пенс е во самоизолација бидејќи на негова соработничка ѝ бил дијагоностициран коронавирус.

Портпаролот на Пенс Девин О’Мали во соопштение објави дека потпретседателот во понеделник наутро како и обично ќе дојде на работа бидејќи „резултатите од тестовите секој ден му се негативни“.

„Потпретседателот Пенс и понатаму ќе ги слуша препораките на лекарскиот тим на Белата куќа и не е во изолација“, кажа тој.

Портпаролката на Пенс Кети Милер е второто лице во Белата куќа на кое во петокот ѝ беше потврден ковид-19, по припадникот на воената морнарица во служба на претседателот Доналд Трамп на кој вирусот му беше потврден ден претходно.

Пенс и Трамп се тестираат секој ден.

Три члена на тимот за сузбивање на пандемијата ќе останат во изолација по можната исложеност на вирусот, јавија американските медиуми во саботата: епидемиологот Ентони Фаучи, директорот на Центарот за превенција на заразни болести (ЦДЦ) Роберт Редфилд и директорот на регулаторното тело за храна и лекови (ФДА) Стивен Хан.

Епидемијата во САД досега уби речиси 80.000 луѓе, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе