Белата куќа: Бајден побара од Путин да го ослободи Навални

Американскиот претседател Џо Бајден во телефонскиот разговор неделава го повикал рускиот претседател Владимир Путин да го ослободи рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, им кажа денес на новинарите портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

EPA-EFE

Бајден со Путин разговарал за цела низа прашања, од наводното мешање во изборите во 2020, суверенитетот на Украина и сајбер нападот Соларвинд, како и за Навални, пренесува Ројтерс.

Псаки соопшти дека Бајден за време на телефонскиот разговор не се воздржал од изразување на својата загриженост околу прашањето на постапките на руската влада.

Претходно неделава, во соопштение на Белата куќа, беше објавено дека двајцата лидери се сложиле нивните тимови итно до 2 февруари да договорат продолжување на новиот СТАРТ договор за контрола на нуклеарното вооружување меѓу САД и Русија, кога ќе истече договорот кој е сега на сила.

Деталите за телефонскиот разговор и за тоа што се разговарало се објавуваат во време кога Бајден наводно поцврсто ја позиционира американската политика кон Русија, откако неговиот претходник Доналд Трамп одбиваше да му се спротивстави на Путин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе