Белата куќа: Бајден не планира самоволно да испраќа војска во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден нема намера самоволно да испраќа американски војници во Украина, откако Вашингтон стави во состојба на готовност 8.500 војници за да ги смири партнерите во НАТО во екот на кризата околу Украина.

EPA-EFE

„Само да се разбереме: не постои намера или интерес или желба на претседателот да испрати војска во Украина. НАТО е форум за поддршка на партнерите и земјите од нашето источно крило, и тоа е она на што е фокусот“, им кажа на новинарите портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби кажа во понеделникот дека 8.500 американски војници во Европа се известени да бидат спремни за брз одговор ако НАТО го побара тоа.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го обвини Вашингтон за разгорување на тензиите околу Украина и го повтори ставот на Москва дека причина за кризата се потезите на САД и НАТО, а не руското разместување војници на сопствена територија.

Русија распореди околу 100.000 војници покрај украинската граница. Москва упорно негира дека има какви било планови за напад на Украина и смета дека пораките од Западот се доказ дека Русија е мета, а не агресор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе