Од руски поморски аналитичар

Бејрут го игнорирал предупредувањето дека има руска „бомба“ во пристаништето

Властите биле предупредени набргу откако рускиот брод го донел амониум нитратот што го разнесе пристаништето во Бејрут, но не сториле ништо, вели Дејли бист.

Неколку години пред во разорна експлозија да загинат најмалку 100 луѓе и да се повредат повеќе од 4.000 во Бејрут во вторникот, еден поморски аналитичар јавно предупредил дека на градското пристаниште има руска „пловечка бомба“.

Системите за морски надзор го забележале бродот Росус во пристаништето во Бејрут во септември 2013 година. Бродот, кој бил со молдавски обележја, својот товар официјално го пријавил како „земјоделски производи“.

Товарот од 2.750 метрички тони амониум нитрат првенствено требало да се користи за ѓубрива или експлозиви со голема моќност. За споредба, во бомбашкиот напад во Оклахома во 1995 година биле користени помалку од два метрички тони амониум нитрат.

Товарниот брод во сопственост на Русија стигнал во пристаништето во Бејрут од непознати причини, најверојатно откако западнал во неволја откако тргнал од Грузија до Мозамбик. Властите во Бејрут му забраниле да замине и една година подоцна опасниот товар бил растоварен и складиран во Хангарот 12 во пристаништето, според веб-страницата за поморски надзор Флитмон.

На членовите на екипажот им било забрането да излезат од бродот поради нивниот имиграциски статус, а сопственикот, кој е руски државјанин што живее на Кипар, на крај се откажал од бродот. Статусот на бродот и на неговиот екипаж сè уште не е познат.

Михаил Војтенко, руски поморски аналитичар со седиште во Тајланд, во јули 2014 година предупреди дека бродот, за кој рече дека е во сопственост на руска компанија, всушност е „пловечка бомба“.

Војтенко вели дека сопствениците се откажале од бродот и од неговиот екипаж, а либанските власти не успеале да го заштитат смртоносниот товар. „Постојат многу забрани, регулативи и правила до кои сите треба да се придржуваат кога станува збор за складирање експлозиви како амониумот, но тие едноставно го чувале во магацин и го заборавиле“, рекол тој за Дејли бист од Тајланд, каде што работи.

Војтенко рече дека не сфатил веднаш дека масовната експлозија во Бејрут е поврзана со неговите претходни предупредувања. „Тогаш не мислев ништо, затоа што не знаев дека ова е главниот сомнеж“, рече тој. „Се случува, се случува, што да кажам?“

Освен јавното предупредување, либанските власти постојано ги игнорирале и предупредувањата од пристанишните власти за амониум нитратот што предизвика катастрофална експлозија.

Бадри Дахер, сегашниот шеф на царинските власти на Либан, пред новинарите на местото на настанот изјави дека експлозијата е поврзана со амониум нитрат. Неколку луѓе од разузнавачката заедница подоцна твитуваа фотографии од лабаво спакувани кеси со бел прав, за кои се претпоставува дека се таа супстанција.

На 27 јуни 2014 година Шафик Мерхи, тогашен шеф на либанската Царинска управа, им пишал на либанските власти писмо означено како „итни работи“, барајќи помош за обезбедување на експлозивите, според копија од писмото што ја сподели на Твитер активистот за човекови права Вадих Ал Асмар.

Мерхи тогаш наводно испратил уште пет писма, во 5 декември 2014 година, 6 мај 2015 година, 20 мај 2016 година, 13 октомври 2016 година и 27 октомври 2017 година, барајќи помош, вели Ал џезира, која пренесува едно од писмата што вели, „Со оглед на сериозната опасност од чувањето на овие стоки во хангар во несоодветни климатски услови, го повторуваме нашето барање да побараме од морската агенција веднаш да ги извезе овие добра за да ја зачува безбедноста на пристаништето и на оние што работат во него, или да се обиде да се договори да ги продаде“.

Друго писмо, овој пат напишано од Дахер, тогаш идниот шеф на либанската царинска управа, го повторува предупредувањето за „опасност ако ги оставиме овие стоки на местото каде што се и за оние што работат таму“.

Новиот премиер на Либан, Хасан Диаб, кој дојде на функцијата во јануари 2020 година, алудираше на теоријата дека уништувањето би можело да се избегне ветувајќи дека „сите одговорни за оваа катастрофа ќе платат за тоа“.

Пристаништето во Бејрут, кое е озлогласено по прекарот Пештерата на Али Баба и 40-те разбојници, поради наводната корупција поврзана со неговата управа, во последните неколку месеци будно се следи откако минатата есен почна Октомвриската револуција.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе