Конектикат

Бегалец со потерница вели дека ќе се предаде за 15.000 фејсбук-лајка, полицијата го прифати предизвикот

Полицијата во Конектикат соопшти дека преговарала за условите за предавање на еден бегалец на најмодерниот можен начин: тој се согласил да се предаде ако 15.000 луѓе кликнат „лајк“ на неговата потерница на Фејсбук.

По 29-годишниот Хозе Симс, за кој се верува дека се крие во Њујорк, има седум потерници и него го бара полицијата во Торингтон, Конектикат, откако не се појавил на суд. Полицијата во Торингтон ја пушти во јавност полициската фотографија на Симс заедно со фотка од друг бегалец.

Но во средата беше објавено дека Симс ја контактирал полицијата на Фејсбук и понудил да се предаде ако неговата потерница добие 20.000 лајка на Фејсбук. По малку преговарање со полицаецот Брет Џонсон, Симс се сложил за 15.000.

„Ќе биде тешко, ама е изводливо“, истакна Џонсон, додавајќи дека „Ако знаете каде е некој од овие момци, во секое време може да нè известите, тоа ќе ги спаси сите од неизвесноста на 15-те илјади лајка“.

Фејсбук-постот на Џонсон доби скоро 9.000 лајка во рок од 13 часа. Симс можеби ќе треба да го исполни ветувањето порано од очекуваното.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе