Варшава

Беате Шидло: „Полска ја победи ЕУ“

Полската премиерка Беате Шидло рече дека нејзината влада го добила спорот со ЕУ околу мигрантите и тврди дека дури и ЕУ го сменила сопствениот став во однос на тоа прашање.

Својот став ЕУ го промени, според Шидло благодарение на „влијанието на одлучниот и непоколебливиот став на Полска“, пренесе Еј-би-си њуз.

Беате Шидло ова го изјави на заедничката прес-конференција со лидерот на владејачката партија Право и правда Јарослав Качињски.

„Денес во Европа на Полска се гледа како на земја без тероризам“, рече Беате Шидло.

Полјаците одбија да ги прифатат бегалците според задолжителниот план на ЕУ за распределба на бегалците. Варшава како аргумент истакна дека прифаќањето на муслиманските мигранти ќе ја загрози безбедноста на земјата и нејзиниот католички идентитет.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе