Баварија нарачала милиони дози од руската вакцина Спутник V

Баварија потпишала договор за испорака на руската вакцина Спутник V, со што оваа сојузна германска држава обезбедила дополнителни 2,5 милиони дози од вакцината, беше соопштено денес во Минхен.

EPA-EFE

„Ако Спутник V добие зелено светло во Европската Унија, Баварија би требало да добие дополнителни 2,5 милиони дози вакцини“, изјави баварскиот премиер Маркус Седер.

Тој објасни дека „уште во текот на денот“ сојузната покраина Баварија со компанија во Илертисен треба да ги потпише соодветните преддоговори за испорака на руската вакцина.

Седер објасни дека вакцината, во случај на дозвола од Европската агенција за лекови (ЕМА), во Баварија треба да стигне во јуни, со што дополнително би се зајакнале капацитетите за вакцинирање.

Компанијата во баварски Илертисен по зеленото светло од Брисел би требало да ја произведува и руската вакцина Спутник V.

Сојузниот германски министер за здравство Јенс Шпан со покраинските министри за здравство денес разговараше за прашањето на второ вакцинирање на оние лица кои како прва доза ја примиле вакцината на Астра Зенека, со која во меѓувреме не се вакцинираат лица помлади од 60 години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе