„Нема да има избори без опозиција“

Баша: Рама ни објави војна, мора да ја заштитиме земјата

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша рече дека албанскиот премиер Еди Рама им „објави војна" и тие мора да ја заштитат земјата, граѓаните и уставот.

„Наше право е да одговориме по секоја цена и со сите средства. Нема да има избори без опозиција. Тоа е криминал, особено во услови на нова одлука на претседатот“, нагласи Баша.

Тој додаде дека партиските структури постојано одржуваат состаноци со граѓаните со кои, како што рече, се објаснува дека „Рама спроведува државен удар“.

„Тоа е национална опасност и мора веднаш да се запре. Земјата ризикува да ни се врати визниот режим, изолација и репресивен систем преку апсења“ рече Баша.

Обединетата албанска опозиција денеска го најави следниот голем „национален протест“ кој ќе се одржи следниот петок во 20 часот.

Члирим Ѓата од опозициската Демократска партија рече дека „организаторите на протестите едвај ги задржуваат граѓаните да не излегуваат на протести секој ден“.

Локалните структури на опозициските партии секојдневно организираат протести во градовите каде што се одржуваат предизборни митинзи на владејачката коалиција, на кои учествува и премиерот Рама.

Владејачката коалиција продолжува со изборната кампања за локалните избори предвидени за 30 јуни, и покрај тоа што албанскиот претседател Илир Мета ги одложи.

Рама го критикуваше Мета поради одлуката за одложување на изборите, велејќи дека шефот на државата го гледа албанскиот устав како „филџан за кафе и предвидување на иднината“.

Рама рече дека, и покрај одлуката на Мета за одложување на изборите, локалните избори ќе се одржат на 30 јуни и дека опозицијата не може да ги спречи.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе