Полицијата доцна вечерта ја презеде контролата над улиците во Барселона, 89 повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Каталонската и шпанската национална полиција ја презеде контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови во саботата вечер, растерувајќи ги демонстрантите кои шест часа зад запалени барикади со камења учествуваа во судирите во кои 89 лица се повредени.

Во петокот вечер се одвиваа најжестоките судири меѓу каталонските заговорници за независност и полицијата откако во понеделникот се изречени затворски казни за каталонските лидери осудени за одржување на референдум за независност во 2017 година.

Ситуацијата во центарот на Барселона се смири откако се претвори во бојно поле.

Пожари биле запалени и барикади биле поставени зад кои демонстранти со маскирани лица ја гаѓале полицијата со камења, цигли, петарди и други предмети. Полицијата одговорила со пукање гумени куршуми и солзавец и со употреба на палки. Немири имало и во другите каталонски градови каде исто така се организирани протести.

89 лица се повредени, од кои 60 во Барселона, извести брзата помош.

Според последните информации, 27 лица се уапсени.

525.000 поборници за независност на Каталонија се собраа во петокот во Барселона во знак на протест против обвинителните пресуди против нивните лидери, соопшти градската полиција. Демонстрантите бараат отцепување од Шпанија и ослободување на затворените службеници.

Кабинетот на премиерот на Каталонија Ким Тора свика итен состанок доцна во ноќта. Утрото ќе се одржи нов, а потоа би требало да ѝ се обрати на јавноста.

Каталонската влада, составена од две партии за независност, во последниве денови повикува на масовни и мирни протести.

Генералниот штрајк, кој трае од петок на повик на синдикатите кои заговараат независност, опфаќа околу 68 проценти од индустриската активност во Каталонија и околу 70 проценти од трговската активност, според владата на Каталонија.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе