Илјадници луѓе на улиците

Барселона гори, судири на левичарските и десничарските групи (ВИДЕО)

Илјадници луѓе се собраа синоќа во Барселона, на четврти ден од протестот во кој е забележано најлошото улично насилство во последните децении во градот. Демонстрантите се судрија со полицијата во врска со пресудите на лидерите на каталонските сепаратисти, кои учествуваа во организирањето на неуспешниот референдум за отцепување.

Сценариото од претходните ноќи е повторено, мирните протести излегоа од контрола кога радикалните сепаратисти запалија барикади и столчиња од кафулиња во монденската улица Рамбла во срцето на туристичката зона.

Полицијата се обидела да ги раздели демонстрантите од неколку стотици екстремно десничарски приврзаници на шпанското единство, но од видеото објавено од жител на Барселона, се гледа како група на прошпански радикали, опколиле еден млад сепаратист и го шутирале и тепале со палки.

Демонстрантите запалиле столчиња од кафулиња во монденската улица Рамбла во срцето на туристичката четврт, протестирајќи поради пресудата на лидерите на каталонските сепаратисти, кои учествувале во неуспешниот референдум за отцепување.

Претходно, млади, наметнати со знамиња на Каталонија, мирно фрлале топки и прескокнувале јаже.

Претходно илјадници студенти излегле на улиците, а некои фрлале јајца на штитовите на полицијата за контрола на немири.

Демонстранти од повеќе градови на Каталонија во средата започнаа протестен марш со намера до петок да пристигнат во Барселона, а синдикатите повикуваат да се одржи генерален штрајк.

Протестите започнаа во понеделникот, кога Врховниот суд во Мадрид ги осуди деветмината поранешни каталонски политичари и активисти на затворски казни од 9 до 13 години затвор за нивната улога во неуспешното прогласување независноста на Каталонија во 2017 година.

Тројца преостанати обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни.

Поранешниот премиер на Каталонија, Ориол Жункерас е осуден на 13 години затвор за бунт и злоупотреба на јавните средства за одржување референдум за независност на Каталонија.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе