Барбадос се одрекува од кралицата Елизабета, сака да стане република

Барбадос сака да ја отстрани британската кралица Елизабета од чело на државата и да стане република, соопшти владата на таа карипска држава.

Поранешната британска колонија, која се стекна со независност во 1966 година, ја задржа официјална врска со британската монархија, како и некои други земји кои некогаш биле исто така дел од британската империја.

„Дојде време во целост да го напуштиме своето колонијално минато“, рече гувернерката на Барбадос, Сандра Мејсон, во говорот во име на премиерката Миjа Мoтли.

„Жителите на чело на државата сакаат да видат некој од Барбадос. Тоа е краен израз на доверба во тоа кои сме и што можеме да постигнеме. Затоа, Барбадос ќе го направи следниот логичен чекор кон целосен суверенитет и до 55-годишнината од независноста ќе стане република“, рече гувернерката.

Годишнината од независноста ќе се слави во ноември следната година.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе