Ќе одлучува за трошењето на 200 милијарди евра од ЕУ

Банкарот Марио Драги доби поддршка за формирање нова влада на Италија

Некогашниот претседател на Европската централна банка Марио Драги доби денес начелна поддршка од двете клучни партии за формирање нова италијанска влада која ќе одлучува за трошењето на повеќе од 200 милијарди евра кои Италија ги доби од Европската Унија за заздравување на економијата. И Движењето на пет ѕвезди (М5С) и десничарската Лига најавија поддршка за владата на Драги, кажувајќи дека се спремни за доброто на државата да го стават на страна ривалството.

EPA-EFE

73-годишниот Драги неделава разговараше со претставниците на политичките партии, а нова рунда состаноци се очекува на почетокот на следната недела, и тогаш би требало да се разговара за потенцијалните министри и идеите на новиот мандатар.

Се очекува Драги да разговара и со синдикатите, лобирачите и претставниците на невладиниот сектор. Претседателот на Италија Серџо Матарела неделава на Драги му го довери мандатот за формирање влада откако досегашниот премиер Џузепе Конте поднесе оставка бидејќи ја изгуби поддршката од клучниот коалициски партнер.

Драги веќе ја доби поддршката од Демократската партија, партијата на Силвио Берлускони Форца Италија и уште две партии. Лидерите на М5С и на Лига, Вито Крими и Матео Салвини, по средбата со Драги изјавија дека ќе работат во интерес на Италија, која е меѓу најпогодените од коронавирусот во Европа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе