Банкар победи на претседателските избори во Еквадор

Еквадорскиот банкар Гијермо Ласо во вториот круг од претседателските избори го победи левичарскиот економист Андрес Арауз, залагајќи се за политиката на отворен пазар, наместо враќање на социјализмот.

EPA-EFE

Арауз го призна својот пораз откако излезната анкета, со 97 отсто обработени ливчиња, покажа дека освоил 47,5 отсто, а Ласо 52,5 отсто од гласовите, според податоците на Националниот изборен совет.

„Ова е денот кога Еквадорците ја одлучија својата иднина, со својот глас ја изразија желбата за промени и желбата за подобри времиња“, кажа Ласо.

Неговата победа им одговара на странските инвеститори кои беа вознемирени од ветувањата на Арауз за големо социјално трошење среде слабите државни финансии и економијата која се бори со последиците од пандемијата на коронавирусот.

Оваа победа го урива трендот на левичарски изборни победи во Јужна Америка по државите како Аргентина, Чиле и Боливија.

Ласо ќе стапи на должност на 24 мај.

Економијата на државата извозничка на нафта веќе беше слава поради ниските цени на сировата нафта откако почна пандемијата на коронавирусот. Пандемијата во сиромаштија турна третина од земјата со повеќе од 17 милиони жители, а половина милион останаа невработени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе