Балтичките земји протераа руски дипломати

Балтичките земји Летонија, Литванија и Естонија наредија заминување на четворица руски дипломати кои работата во амбасадите за да покажат солидарност со Чешка, соопштија шефовите на нивните дипломатии.

EPA-EFE

Литванија испраќа дома двајца руски дипломати, а Летонија и Естонија по еден. Избрканите дипломати наводно го користеле дипломатскиот статус за шпионирање, им кажа на новинарите литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

„Во ЕУ треба да има помалку прикриени руски шпиони. Нашите чешки колеги расветлија нивни досега невидени активности“, кажа тој.

Чешка минатата недела кажа дека двајцата руски шпиони обвинети за труењето на рускиот двоен шпион Сергеј Скрипаљ со нервен отров во Британија во 2018 стојат зад експлозијата во чешкиот магацин за муниција во која во 2014 година загинаа две лица.

Литванија во четвртокот ги повика земјите членки на НАТО на солидарност со Чешка која во саботата протера 18 руски дипломати. Русија потоа протера 20 чешки дипломати.

Русија во петокот ја обвини и Полска за уништување на односите и потврди дека протерува пет полски дипломати во знак на одмазда за бркањето тројца руски.

Им даде рок на петмината полски дипломати до 15 мај да ја напуштат земјата и полското протерување руски дипломати го осуди како апсурдно.

„Ова е уште една потврда дека Варшава свесно настапува кон понатамошна деградација и деструкција на нашите билатерални односи“, соопшти Кремљ.

Полска ја осуди руската одлука за протерување пет нејзини дипломати како агресивна акција чија цел е да ги запали односите со соседот, додавајќи дека го задржува правото „да реагира на соодветен начин“.

„Одлуката на руската страна е уште еден пример на агресивна политика и намерен гест чија цел е да ги запали односите со соседот и целата меѓународна заедница“, се наведува во соопштението на полското министерство за надворешни работи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе