Трите балтички држави треба да ја воведат забраната до средината на септември, пренесува Ројтерс. Влезот ќе биде овозможен за оние кои патуваат од хуманитарни или семејни причини, за возачи на камиони и дипломати, рече летонскиот министер Едгарс Ринкевичс.
„Во текот на изминатите неколку недели и месеци, граничните премини на руските државјани со шенген визи драстично се зголемија. Ова стана прашање на јавна безбедност, но и од морална и политичка природа“, додаде тој на прес-конференција во Литванија.
Директните летови меѓу Русија и Европската унија беа откажани по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, намалувајќи им ги можностите на Русите да патуваат во Унијата.