Дописникот на иранската државна телевизија со седиште во Ирак кажа дека нападите биле насочени против „тајни израелски бази“, пренесува Ројтерс.
Нападот бил извршен од Иран, изјави американски функционер за британската агенција.
Изворот, кој побарал да остане анонимен, не дал повеќе информации.
Никој не ја презема одговорноста за нападот.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент го нарече „нечуен напад“, но кажа дека ниеден Американец не е повреден и дека немало штета на американските објекти во Ербил.
Американските сили стационирани во комплексот на меѓународниот аеродром во Ербил и во минатото беа цел на ракетни напади и напади со беспилотни летала, какви што не се случиле веќе повеќе месеци.
Последен пат балистички ракети беа испукани на американските сили во јануари 2020 година.
Во тој напад немаше загинати, а повеќе лица беа повредени.